IP Consulting® нуди пребраување на:
1. Трговски марки
Во изборот на трговска марка, како за целите на регистрацијата така и за успешната реализација и наложување на пазарот, од исклучителна важност е извршеното професионално и задлабочено пребраување.
IP Consulting® ги нуди следните услуги во областа на пребрување за трговски марки:
А) Пребарување на трговска марка за идентификација со порано регистрирана, која што би можело да биде пречка за регистрација:
- Пребарување на трговски марки за територијата на Р.Бугарија;
- Пребарување на трговски марки за наведената од клиентот територија;
Б) Пребарување за регистрирани фирмени имиња за избегнување на колизија меѓу трговска марка и фирмено име;
В) Пребарување на регистрирани домен имиња;
Г) Пребарување на трговски марки, поседувани од конкретен субјект.
2. Патенти
Како при воспоставување на процедурата за заштита на патент или коприсен модел на еден пронајдок така и при неговата примена е важно да се направи целосно пребарување за нивото на техника, постоечките права на трети лица, коишто би можело да бидат засегнати.
IP Consulting® ги нуди следните услуги во областа на пребрување за пронајдоци:
- Пребарување на патенти / корисни модели, сопственост на конкретен субјект;
- Пребарување за новост/ ниво на техниката;
- Пребарување во патентна и непатентна литература за целите на процедурата.
3. Индустриски дизајн
IP Consulting® ги нуди следните услуги во областа на пребрување за индустриски дизајн:
- Пребарување на индустриски дизајн за идентификација со порано регистриран дизајн, којшто би можел да биде пречка за регистрација:
- Пребарување на индустриски дизајни за територијата на Р.Бугарија;
- Пребарување на идустриски дизајн за територијата на држава посочена од клиентот.