Авторско право

Со авторско право се штити секоја интелектуална творба од областа на книжевноста, уменоста и науката, изразена на било кој начин и форма.

Меѓу објектите на заштита од авторско право се:

  • Литературни творби, вклучително творби на техничката, и научната  литература, на публицистиката и компјутерските програми;
  • Музички творби;
  • Филмови и други аудиовизуелни творби;
  • Драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело;
  • Дела на ликовната уметност (слика, цртеж, графика, скулптура и друго);
  • дела од архитектурата;
  • дела од применетата уметност и дизајнот;
  • фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската;
  •  картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата, топографијата, архитектурата и науката.
  • Како авторско дело се смета и преработка и преводот  на авторско дело;
  • Периодични изданија, збирки, бази на податоци, енциклопедии и други слични што вклучуваат повеќе од еден материјал.

Во  областа на авторското право IPConsulting® нуди комплексно услужување, како на пример, но не само:

  • Консултации во врска со постоење на авторско право;
  • Регистрација на авторски права каде што тоа е возможно и необходно за употреба на авторското право;
  • Консултации при склучување на договори во врска со авторско право;
  • Пребарување, анализа, заштита и управа на Вашите права;
  • Соработка за контрол врз правата и помош при санкционирање на евентуална повреда на правото;
  • Да ве поврзаме со наши и странски организации за  колективна управа на авторски права и да Ве информираме и консултираме како да ги заштите Вашите права преку такви организации.

Проект нa IPConsulting® во областа на авторското право е и сајтот  copyrights.bg, одржуван и развиван од нашиот тим, кајшто исто така може да најдете корисна информација и да се ориентирате во нашето широко искуство и длабок интерес во оваа област.

  • IP Consulting.eu - Intellectual Property Consulting Agency

     

  • IP Consulting.eu - Intellectual Property Consulting Agency

     

  • IP Consulting.eu - Intellectual Property Consulting Agency
  •  

     

  • Visit our new site

    Visit our new site IP Consulting.eu - Intellectual Property Consulting Agency
  •  

     

    IP Consulting Google+ page

    IP Consulting Ltd. on LinkedIn